Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го нарече првиот човек на ВМРО ДПМНЕ. Христијан Мицкоски, повредена тинејџерка. На тој начин размената на обвинувања или навреди меѓу Апасиев и Мицкоски продолжува.

Целата работа почна по објавувањето на анкетата на Телма кога за прв пат личниот рејтинг на Мицкоски беше понизок од рејтингот на Апасиев. Тоа се има за прв пат случено во последните 30 години лидер на ВМРО ДПМНЕ да биде на трето место по рејтинг меѓу лидерите на политичките партии.

Потоа следуваше објаснувањето на Мицкоски дека го имал покането Апасиев на кафе но дека Апасиев го одбил кафето поради презафатеност со обврски, но другиот ден видел дека Апасиев пиел кафе со Стојанче Ангелов.

На тоа следуваше објава на твирер и фејсбук од Апасиев: И после некој ќе плаче како повредена тинејџерка, оти не сум пиел кафе со него!? # Тактика бе брат.

Еден ден подоцна Апасиев на фејсбук напиша уште еден пост во кој, меѓудругото вели:

Инаку, да, се среќавам со кој сакам и каде сакам! Отчет на никој не давам (освен на Жена ми), оти на никој ништо не дужам! Речиси и да нема македонски политичар или јавна личност со која се немам сретнато – и од опозицијата и од власта. Сум бил скоро во сите министерства, Влада, Бихачка и Белата палата. Тоа ми е работа, да терам политика. Онака како што сметам дека треба и дека е визионерски, стратешки и тактички. А гледам дека онака како шо ја тераме со другарите од Левица – ја тераме у вистинска насока. Народ препознава искреност и суди! Затоа рејтинзите се тие, и покрај сите оркестрирани хајки и линчови против нас, напиша Апасиев.