Прва средба на министрите за надворешни работи на Србија и Македонија по промената на власта во Македонија во 2017 година. Денес во Ниш македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димотров имаше средба со српскиот колега Ивица Дачиќ. На прес конференцијата по средбата, Димитров изјави дека двете држави имаат среќа што блискоста, врските и пријателството меѓу двата народи е толку цврсто што и покрај повремените напори на политиката, не успеваат да направат никаква штета на тоа пријателство. Како што јавија од македонското МНР оваа е прва работна посета на Димитров во странство од почетокот на пандемијата.

Зошто Димитров ја одбра Србија за прва работна посета по пандемијата? Освен тие технички прашања поврзани со отварањето на границите, во основа оваа работна посета доаѓа во еден интересен момент. Вчера албанскиот министер за надворешни работи, кој инаку е роден во Приштина, за прв пат го дефинираше ставот дека официјална Тирана нема да се меша во преговорите меѓу Белград и Приштина. И второ односите меѓу Скопје и Софија се во најлошиот моментум во последните три години. Во такви услови посетата на Димитров на Србија е силна порака до Софија.

Односите меѓу Белград и Скопје беа долго време многу оштетени дури до граница на лично непријателство меѓу политичарите од двете страни на границата. Минатата година официјални лица во Белград, вклучително и министерот за одбрана Александар Вулин, го обвинуваа Заев дека преку Скопје се финансира српската опозиција за рушење на власта на Александар Вучиќ. Медиумите под контрола на Вучиќ, а во Србија има само мал број медиуми што не се под контрола на Вучиќ, ја пласираа тезата дека Скопје стана нова Будимпешта, односно ако Отпорот за рушење на Милошевиќ се финансираше и организираше од Будимпешта сега тоа се прави од Скопје. Дури истиот тој Вулин пред еден месец имаше изречено грст навреди на сметка на Претседателот Пендаровски.

На сето тоа немаше никаква реакција од Скопје, а односите меѓу Вучиќ и Заев од ден на ден беа се подобри. Белград заборави на советниците на Заев како што се Башановиќ, а Скопје се помалку го споменуваше агентот Живаљевиќ и неговата улога во нстаните од 27 април 2017 година. Пред десет дена Никола Сандуловиќ, Претседателот на Републиканската Партија од Србија во емисијата Во Центар изјави дека наспроти сите јавни настапи, Александар Вучиќ и Зоран Заев имаат одлични односи и што е уште поважно одлични бизнис релации. Во пресрет на изборите во Македонија тоа може да биде битна работа. Посебно ако се има во предвид дека се до неодамна официјален Белград не криеше дека нивните симпатии се на страната на ВМРО ДПМНЕ.

Во секој случај интересна посета на Димитров на Србија, бидејќи никој не очекуваше дека министерот кого сите фамилијарно го обвинуваат за бугарофилство можеби го одбра Белград ( Ниш ) за да испрати порака до Софија дека бугарската политика кон Македонија повторно влегува во некоја историска слепа улица!?


Напишете коментар