Џули Корс, извршна директорка за квалитет на Kia Motors America, именувана е меѓу 100-те водечки дами во автомобилската индустрија во САД за 2020 година, според индустриското гласило Automotive News. Листата се составува на секои пет години од страна на уредниците и репортерите на Automotive News. Истата ги именува најталентираните и највлијателни дами од различни дисциплини, кои имаат силно влијание врз автомобилската индустрија. Корс вторпат е на оваа престижна листа.

„Ова големо постигнување е заслужено, но тоа не нé изненадува,“ изјави Шон Јун, претседател на Kia Motors во Северна Америка. „Џули е клучен играч во исклучителната успешна приказна на Kia и заслужна е за највисоките признанија за квалитет и издржливост што ги освоија возилата од нашата марка. Горди сме и благодарни сме за талентот и лидерството што секојдевно ги внесува во тимот на Kia.“

Директорка на Kia America меѓу 100 највлијателни дами

Одушевеноста на Џули од автомобилите влече корени уште од детството, додека таа работела во гаражата заедно со својот татко, кој е инженер. По завршувањето на колеџот, таа се вработила во автомобилската индустрија како инженер. Во 2009 година, госпоѓа Корс се вработува во Kia и придонесува марката да прерасне во лидер во браншата во поглед на квалитетот и изработката.

Џули има голема заслуга за усовршувањето на имиџот на Kia на пазарот во САД. Од компанијата ѝ признаваат на дамата дека нејзините познавања, работната етика и вниманието за детали биле клучни за Kia да стане највисоко пласирана масовна автомобилска марка во рангирањето на квалитетот според J.D. Power. Марката шест години во низа е на врвот на листата.