Директорот на граничната полиција на БиХ, Зоран Галиќ предупреди денеска дека босанската граница е „шуплива како швајцарско сирење“ и дека нема доволно луѓе да ја обезбедат среде мигрантската криза.

Гајиќ тврди дека персоналот на оваа полициска агенција стана невозможна мисија „поради опструкциите од Сараево“, пренесува босанскиот портал Кликс.

Тој потсети дека со години се бара да се екипира граничната полиција на БиХ и наведе дека политиката во голема мера се мешала во таа приказна.

Тој додава дека имало намера да се изврши внатрешна прераспределба на работните места и да се намали бројот на раководни позиции со цел да се привлечат повеќе луѓе на теренот, но тоа барање се наоѓа во фиоката на поранешниот министер за безбедност со години.