Руските власти досега исклучуваа целосен карантин и сметаат дека мерките како што биле воведени пролетта се штетни за економијата.

Денеска во Русија имало 21.798 новоинфицирани или скоро двојно повеќе од врвот со 11.607 случаи во мај. Во Москва, епицентарот на епидемијата, има 6.897 нови инфекции во последните 24 часа, повеќе од рекордните 6.703 на 7 мај.

256 пациенти починале во земјата, со што вкупниот број изнесува 30.793. Русија брои само смртни случаи чија основна причина е ковид-19, а голем број други земји ги бројат сите пациенти кои починале , а биле позитивни на тестот.

Русија, особено Москва, вовела многу строги ограничувања на пролет за да се запре епидемијата. На есен, таа опција е отфрлена. Со цел да се заштити економијата, властите во Москва се определиле за насочени мерки како што е карантин за лица над 65 години, онлајн училишта од 6 одделение па натаму и обврска за компаниите 30 проценти од своите вработени да работат од дома.