Наскоро 8 000 од Србија, 5 800 во февруари и по 17 500 во март и април од „Фајзер“ – најмногу ќе има преку Ковакс

Клиниката за трансфузиологија отстапи два фрижидери на -80 степени за чување на вакцината на „Фајзер“, а во земјава викендот стигнаа уште два фрижидери на -80 степени. До крајот на месецот дополнително ќе пристигнат уште три

Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот српски колега Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на 8 000 вакцини од производителот „Фајзер“, кои Србија ќе ѝ ги даде на државава, соопшти Министерството за здравство.

„Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, и Министерството за здравство изразува благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин“,

Од Министерството, исто така, посочуваат дека во финална фаза е и процесот на директна набавка од истиот производител и согласно договорената динамика, во февруари преку „Фајзер“ ќе пристигнат 5 850 дози од вакцината, а по 17 500 дози во март и април.