Поранешниот премиер Бојко Борисов бил “болно избоцкан” за време на вакцинирањето во познатата приватна болница во Софија, каде што често престојува кога се повредува на спортски натпревари, пишуваат бугарските портали.

Лидерот на ГЕРБ ја прими првата доза на Модерена утрово, објаснувајќи дека тоа го сторил и покрај прележаниот коронавирус и многуте антитела со кои располага. Бугарскиот екс-премиерот боцкањето го почувствувал доста болно, бидејќи иглата била за интрамускулни инјекции, открил докторот, кој бил присутен на имунизацијата, за бугарските медиуми.

Вакцината се дава подкожно, а не мускулно, но очигледно немало такви шприцови во болницата. Покрај тоа, со таков шприц беше многу тешко прецизно да се одреди пропишаната единечна доза на производителот од 0,3 ml од препаратот. Инјекциите во мускулите се познати по тоа што се доста болни.

Борисов не погледна во моментот на убодот, веројатно од страв – ова е препораката за трипанофобите (оние кои се плашат од игли). Лекарите му објасниле на Борисов да не консумира алергени денес, како и да избегнува тешка физичка активност.

Инаку, американскиот производител на mRNA вакцини нема издадено експлицитно предупредување за одредена храна и течности и нема документирани случаи на реакција на таа основа, барем досега.