Од кога минатиот месец Талибаните дојдоа на власт, животот во Авганистан се промени, а со тоа се смени и телевизиската програма. За да може да се гледа телевизија од околните земии потребни се сателитски антени, а сопствениците на маркети за електротехника се задоволни со потрошувачката овие денови.

Во согласнот со контраверзните и верски планови на новата влада, телевизиските мрежи се контролирани, па така забавни емисии, програми со забава и танц се многу ретки. По еден месец строг телевизиски режим и емисии во кои гостуваат само Авганистанци лојални на новата власт и ја прикажуваат нивната пропаганда, многумина од луѓето се одлучија да купат сателитски антени.

Сопствениците на маркети за електротехника и техничка опрема кажуваат дека се повеќе се следат странски канали бидејќи имаат разновидна програмска понуда.

Да, луѓето купуваат антени. Оние кои имаат пари, купуваат кај нас. Порано имаше многу канали кои се емитуваа и на кои имаше песни и забавни програми, но сега се забранети, па луѓето купуваат антени како би можеле да гледаат канали од странство, раскажува еден продавач на електротехника, Надир Паштун во Кабул.

Кога пред две децении беа на власт, Талибаните забранија телевизија, како и комерцијални и музички видеа, и воведоа строги јавни казни за оние кои ќе ги прекршат „нивните правила“.

Се уште немаме добиено никаква наредба од страна на некое министерство или владата. За сега нема никакви ограничувања во продажбата на антени. Никој ништо ни нема кажано, изјави трговецот од Кабул, Садик Омар.

Трговците кажуваат дека продажбата добро оди, но профитот е преполовен бидејќи земјата се соочува со финансиска криза. Банките ги ограничија сумите за повлекување на пари, а некои работи места се затворени. Меѓутоа продажбата на сателитски антени е во нагорен раст.

Нема прецизни информации, но продавачите кажуваат дека дневно надвор од Кабул се извезуваат од 40 до 100 антени, а помалите маркети продаваат барем по една на ден. Комплетот чини околу 2,000 авгана, што е приближно 23 американски долари.

Талибанскиот проект се труди да покаже мирно лице пред светот уште од кога на 15-ти август се дојдени на власт, но е неизвесно дали ќе остане така. до крај. Беше кажано дека културните активности ќе бидат дозволени, се додека тие се не претворат во шеријат на културата на накаречената држава Исламски емират на Авганистан.