Од Општината Карпош информираат дека се обновени уште два крака од улицата „14“  во населеното место Бардовци.

Како што соопштија општинските власти, едниот крак е со должина од 73 метри и ширина 3.20 метри, а другиот крак е со должина од 29 метри и ширина од 4 метри.

-Овие градежни активности на локалната самоуправа се во насока на развој на руралните делови и нивна планска урбанизација, а со ова Општина Карпош продолжува со реконструкцијата на улици во населеното место Бардовци-потенцираат општинските власти.

Во изминатиот период, Општината Карпош санираше повеќе улици во Бардовци и тоа: крак од улица „19“, крак од улица „20“, крак од улица „18“ и крак од улица „4“.

-На овој начин се олеснува пристапот за повеќе домаќинства, а се зголемува и безбедноста за движење на сите учесници во сообраќајот-сметаат од локалната самоуправа и додаваат дека Општината продолжува да инвестира во одржување на постоечката инфраструктура, но и во развој на периферните делови од Карпош.

Со самото ова излагање се запрашуваме дали треба да ракоплескаме или треба да бидеме огорчени што живееме во оваа држава. Ова се секојдневни активности во секоја држава но не и кај нас. Кај нас ова е вест на денот . Кај нас ова е за големо БРАВО . Да чекаме да ни изградат пат со наши пари е исто како да ракоплескаме кога банкоматот ќе ни ги даде нашите пари ! Затоа сме таму каде што сме !!


Напишете коментар