Германската канцеларка Ангела Меркел одобрила испорака на оружје и обука на воените структури на Косово.

Приштина е длабоко во преговори со Берлин во врска со новата испорака на пушки Г-36 („Хеклер и Кох“) и тенкови „Леопард 2“. Покрај тоа, косовските власти сакаат да добијат топови и противтенковски ракети од Германија! Досега Приштина и плати на Германија 170 милиони евра за оружје, опрема и обука на припадниците на косовските безбедносни сили.

Оваа информација ја објави порталот „Спутник“, чии новинари тврдат дека властите во Приштина се во неколкумесечни преговори со германските разузнавачки служби за набавка на оружје.

Приштина се фокусира на топови и противтенковски ракети, но и на набавка на лесно артилериско и пешадиско оружје. Косовските Албанци досега и платиле на Германија 170 милиони евра за купување оружје, опрема и обука на припадниците на косовските безбедносни сили, а преговараат за набавка на нова тура автоматски пушки Г-36 ( Хеклер и Кох ) како и тенкови леопард 2, објави Спутник.

Според Информер, Германија ги крши сопствените закони со вооружување на Косово, затоа што со одредбата од 1971 година строго се забранува извоз на оружје во земји кои не се членки на НАТО.

Оваа одредба е заменета со комплициран процес, така што Федералниот совет за безбедност, предводен од канцеларката Меркел и неколку други ресорни министри, го има последниот збор во спорната продажба на оружје. Советот одобрува околу 60 отсто од барањата на производителите на оружје за извоз во земјите што не се членки на ЕУ или на НАТО , покажа студија на Хесенската Фондацијата за истражување на мирот и конфликти ХСФК, пренесува Спутник.

Коментирајќи ги овие обвинувања, српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, вели дека вооружувањето на косовската армија која според Резолуцијата 1244 не смее да постои, е кршење на меѓународното право.

Ова е газење на германските закони, но и јасна порака до Србија. Давањето оружје на албанските власти, во услови кога нивните водачи имаат хашки обвиненија за воени злосторства и притоа да се надевате на мир и стабилност во регионот е или лицемерие или лудило. Кога Германија ќе покаже воена моќ, целиот свет треба да се грижи за својата иднина. Историјата се повторува – предупредува Вулин.

Според ланските податоци, во Косови има околу 250.000 парчиња нелегално оружје. Меѓу тој арсенал оружје, пронајдени се дури и рачни минофрлачи, како и германски автоматски пушки „Хеклер и Кох“.


Напишете коментар