Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кој штотуку се опорави од борбата против коронавирусот, повторно се закани со отцепување на Република Српска од БиХ.

Излегувајќи од болницата во Бања Лука, каде што беше во изминатите 16 дена каде се лекуваше од ковид-19, Додик пред новинарите изјави дека има тешки денови зад себе затоа што се борел со вирусот скоро еден месец со тешка пневмонија, но тоа не го спречило веднаш да почне да се заканува со спроведување на претходно објавените планови .

Факт е дека еден ден тоа ќе се случи , дали денес или по 2 години што е разликата ?