Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.
До сега во општина Дојран нема регистрирано ниту еден пациент. Да се потсетиме дека Општина Дојран периодов донесе и други мерки кои се однесуваат на превенцијата од ширење на корона вирусот. Мерките беа со цел да се ограничи движењето на жителите, па поради тоа беа затворени сите детски и рекреативни игралишта како и спортски терени.
Исто така како превентивна мерка за заштита од корона вирусот општина Дојран имаше поднесено до Владата барање да биде донесена одлука за забрана за престој на домашни и странски лица.
Градончалникот на општина Дојран Анго Ангов уште во март месец формираше мобилни тимови со цел поголема колективна безбедност и превенција од вирусот Covid-19 (Корона вирус)
Општина Дојран во сите населени места, во сите продавници за прехранбени производи кои што се најголеми жаришта за пренесување на вирусот достави средства за дезинфекција и флаери со мерки за претпазливост
Исто така општината набави заштитни маски, кои беа доделени од мобилните тимови до секоја фамилија.