Јас не би примил вакцини против коронавирус произведени од „Фајзер“ и „Модерена“. Овие две вакцини, за разлика од другите, ја менуваат генетската структура, вели д-р Бранимир Несторовиќ, поранешен член на кризниот штаб и човек кој ја подели српската и балканската јавност со своите понекогаш контроверзни изјави.

Како што објаснува Несторовиќ, има многу непознати работи поврзани со вакцините.

Искрено говорејќи , првото прашање е кој треба да се вакцинира. Не знаеме колку луѓе го прележаа вирусот. Тие што го прележаа, зошто би се вакцинирале. Знаеме дека имунитетот на оние што прележале е исклучително добар, не знам зошто сега се раскажува таа приказна како не знаеме колку трае имунитетот по прележувањето на ковид-19. Знаеме дека оние кои се заразиле со САРС во 2003 година сè уште имаат имунитет, што значи 17 години после тоа. Овој вирус е од ист тип, затоа, имунитетот е одличен, вели лекарот.

Второто прашање е, вели тој, со која вакцина да се вакцинираме бидејќи има четири вида.

Тоа е најважното прашање во светот, но исто така стана мало политичко прашање, а тоа е поврзано со враќање во нормала. Ни велат, кога ќе се вакцинираме, ќе се вратиме во нормала. Јас не сум убеден во тоа, тоа е огромна количина вакцини, огромен број луѓе.

Имате четири типа вакцини. Најголеми контроверзи предизвикуваат вакцините од „Модерена“ и „Фајзер“, таканаречените информатициони РНК вакцини. Преку тие вакцини се дава т.н. информационен РНК, чија идеја е всушност да предизвика создавање на практично нов ген во нашиот геном што ќе носи отпорност на вирусот. Само овие две вакцини ја менуваат генетската структура, објаснува Несторовиќ.

Лекарот потоа дополнително ја разјасни својата позиција.

Јас не би ги примил тие две вакцини. Вчера ја прочитав таа препорака откако Велика Британија започна да се вакцинира, веднаш првиот ден имаа два тешки анафилактички шокови кај медицинските сестри и таму стои еден дел што ме зачуди. Постојат 10 страници со упатства за лекарите кои ја даваат вакцината. Во тие упаства се вели дека не е познат ефектот врз фертелитетот, врз плодноста и врз плодот бидејќи не се завршени студиите врз животните, врз глувците, а вие им ги давате на луѓето. Тоа ме прави да се чувствувам малку непријатно, вели тој.