Во Србија, епидемијата на коронавирус ќе мора да заврши до крајот на јануари 2021 година. Биолошки и природно, во нашата земја не треба да има повеќе врвови или бранови. Пандемијата ќе помине кога сите ќе се заразиме и верувам дека веќе имаме повеќе од 50 проценти од колективниот имунитет. Не верувам дека ќе биде објавена задолжителна имунизација и верувам дека веќе нема смисла да се затвора и ограничува нешто.

Вака во новогодишното интервју за белградски Курир зборува пулмологот, Бранимир Несторовиќ, поранешен член на кризниот штаб на Владата на Србија. Спорен, контроверзен за некои, генијален и обожаван од други, но едно е сигурно – д-р Несторовиќ е личност која во голема мерка ја одбележа годината зад нас.

Според Несторовиќ, треба да се вакцинира само ризичната популација, а не да се чека масовна вакцинација. Ризикот од коронавирус сега е официјално многу мал. Познато е кои се ризичните групи. Затоа не очекувам нешто посебно. Кога ќе погледнете на крајот, а ова е веќе крајот, статистичките податоци покажуваат дека оваа година смртноста не е многу подраматична од претходните. Оваа година 60.000 ќе умрат од срцев удар, 30 000 луѓе ќе умрат од рак, затоа, за секоја смрт од короната, уште десет ќе умрат од малигни заболувања. Се создава впечаток дека станува збор за катаклизма, а всушност е катаклизма на страв и изолација. Луѓето добија впечаток дека сите ќе умреме, но сега веќе сме во финалето на драмата.

Тој тврди дека нема да се вакцинира и објаснува: После десет месеци, ако не сум бил заразен досега. Ако навистина треба, ќе ја примам руската вакцина, бидејќи знам како ја направија.

Според неговото мислење, тоа што се случува сега е навистина неопишано во медицинската литература. Овој вирус е сосема различен од сите и многу е тешко да се каже зошто. Една од теориите е дека многу луѓе се тестираат сега, така што бројот на позитивните е многу поголем, бидејќи луѓето не разбираат дека да се биде позитивен на корона не значи да се биде болен. Тестот е често лажно позитивен, додека има случаи кога тестот е негативен, а клиничката слика покажува корона.

Несторовиќ гласно размислува, како може респираторен вирус да го нападне срцето? Тоа е медицински невозможно. Ковид 19 има една специфичност, а тоа е дека има делови што не припаѓаат на таа група вируси, има четири аминокиселини во кои го има вирусот ебола и ХИВ. Дали имате промени во мозокот, црниот дроб, срцето и бубрезите предизвикани од респираторниот вирус? Не е видено порано, поради што има причина да се верува дека е се вештачко. Од каде некои знаеја кога ќе се појават нови бранови на вирусот? Дали се видовити?

Од што зависи дали некој ќе добие сериозна клиничка слика или сè ќе оди асимптоматски?

Најмногу зависи од имунитетот, вели тој. Педијатрите и жените кои имаат мали деца и често имаат други коронавируси, бидејќи тоа е најчеста причина за респираторни инфекции, но и оние кои имаат мачка или куче имаат и некаков имунитет. Затоа, не верувам дека сликата може да биде катастрофална, не е ниту сега. Болниците се преполни, а порано лекувавме пневмонија дома.