Ми се чини дека се води некоја кампања против вакцината. И кај Русите и кај Србите поради таа приказна за алкохолот и вакцините. Јас секој ден пијам по една ракија и слатко за имунитет, вели познатиот пулмолог и поранешен член на српскиот кризен штаб, Бранимир Несторовиќ.

Досега не беше сугерирано ниту за една друга вакцина да не се пие алкохол две недели пред и шест недели по вакцинирањето, вели тој.

Според Несторовиќ, досега во Русија се вакцинирани одреден број луѓе и никаде не пишува дека тие се придржувале кон тие препораки. Во Русија, вакцината е доброволна, тоа го знаете. Целата приказна за руската вакцина стана комплицирана затоа што сега не знаете кој ќе биде непосредниот ефект. Нејасно е дали ако сте вакцинирани со руска вакцина, а ЕУ не ја признава, дали тогаш ќе можете да патувате, бидејќи тогаш можат да ви речат дека нема да можете да се качите во авион доколку не сте вакцинирани.

И уште поважно прашање е дали ќе можете да примите друга вакцина, доколку веќе еднаш сте примиле вакцина од друг производител, вели тој.

Јас не можам да верувам дека Фајзер може да произведе толку многу вакцини. Цената за една вакцина е 410 американски долари, а се примаат по две вакцини. За мене е неверојатно дека тие можат да произведат толку многу вакцини и да ги вакцинираат сите луѓе. Нема да можат ниту во Англија да ги вакцинираат сите, а за светот не може ниту да помислиме, бидејќи производството е многу комплицирано, рече Несторовиќ.

Тој исто така зборуваше за една специфичност на ковид 19, бидејќи кај поголем број починати луѓе кои имаа корона причина за смртта беше згрутчување на крвта, а не пневмонијата.

Сите истражувања велат дека причината е згрутчување на крвта, а не самиот ковид-19. Останува нејасно со кој механизам вирусот ја напаѓа крвта за да се коагулира. Знаеме дека поради тоа мора да се зема аспирин, а кај постарите луѓе аспирин треба да се зема секој ден и по завршувањето на оваа епидемија. Исто така аспиринот се користи за превенција од рак на дебело црево и за друг тип на превенција. Инаку околу 80 отсто од оние кои имаат позитивен тест немаат никакви симптоми, објасни д-р Несторовиќ.