Сараевскиот доктор Харис Мујановиќ објави на Фејсбук по повод денешната гужва во трговските центри, за време на Црниот петок ( Black Friday ).

Мујановиќ, кој е стоматолог во Ургентниот центар, сподели фотографии од денешната гужва од трговските центри во Сараево, но и фотографии од неговите колеги лекари кои ги загубија своите животи поради коронавирусот последните денови.

Не ви е проблем да дојдете овде и да чекате со часови да купите глупости, но кога ќе дојдете кај брзата помош ако не можете веднаш да влезете или уште повеќе ако треба да чекате во ред, тогаш веднаш следуваат пцовки, навреди и во последно време физичко малтретирање на медицинските работници, напиша тој на фејсбук.

City Mall-Skopje

Тој додаде дека „поради вакви луѓе, ние живееме во ваква земја, поради вакви луѓе, многумина ја напуштија оваа земја“.

Поради вакви луѓе, умираат моите колеги кои несебично ги дадоа и ги даваат последните атоми на сила за да им помогнат на болните и заразените! Поради вакви, ние имаме луѓе на позиции кои со години го рушат системот, го поддржуваат непотизмот, го поддржуваат криминалот и убиваат невини!

Толку многу луѓе не се појавуваат на протести кога ни се потребни, толку многу луѓе не се појавуваат на гласачките места кога ни се потребни, толку и многу повеќе луѓе имаме во народните кујни, стои во неговиот пост на Фејсбук, кој завршува со зборовите: Уште еднаш-Да ви е срам!