Наглото слабеење може да доведе до губење на мускулната маса, опаѓање на косата, губење на имунитет, промени на кожата, неплодност, анемија, срцеви проблеми, хормонална нерамнотежа. Понекогаш може да биде дури и фатално – рече докторот

Дарко Лазиќ изгуби дури 75 килограми во последните месеци, многумина го фалат неговиот изглед, но има и такви кои предупредуваат дека неговата здравствена состојба сега бара поголемо внимание затоа што се можни компликации, бидејќи за кратко време изгуби голем број килограми.

Опасно е да се ослабне толку брзо, организмот доживува шок и може да се случи некои органи да не успеат и затоа Дарко мора да оди на редовни прегледи. Неговиот стомак сега одбива вишок храна, ако јаде само малку повеќе од дозволеното, повраќа и губи уште поголема тежина. Лекарите велат дека и срцето е загрозено од големо слабеење, особено ако претходно имало некои здравствени проблеми, а колку што знам, еден бубрег и онака не работи – изјавил пријателот на Лазиќ за Свет.