Угледниот професор по медицина Бранимир Несторовиќ, е специјалист по педијатрија со субспецијализација по пулмологија и алергологија, ги открива тајните на алтернативната медицина и дава совети за зајакнување на имунитетот.

Во досегашната работа тој ја доби довербата на илјадници граѓани, кои ги лекуваше во текот на неговата кариера, но и милиони граѓани на Србија и во регионот, чии симпатии ги стекна во текот на 2020 година за време на светската пандемија.

Тој ги сумира своите искуства со пациентите и ги открива тајните на неколку методи на алтернативно лекување.

Постојат многу начини за зајакнување на имунитетот. Едниот од нив е прошетка на студен воздух, која трае до еден час. Вториот е престој во сауна, исто така до еден час. Користете храна богата со растителни влакна, зеленчук и морска риба најмалку двапати неделно, по можност печена.

Дефинитивно знаеме дека психолошкиот стрес доведува до сериозно потиснување на имунолошкиот одговор, вели тој и додава:

Стресот активира одговор што во основа има активирање на симптокусот, а сето тоа оди на штета на активноста на имунолошкиот систем и интелектуалните функции. Затоа, постигнувањето состојба на релаксација, вежби за дишење, добар сон, медитација е секогаш добро за имунитетот.

Околу исхраната и алтернативната медицина тој има часови и часови разговарано со тенисерот број еден во светот, Новак Ѓоковиќ. Еве што препорачува:

На прво место е лист од коприва, на второто секогаш би ставил лук, а на трето место орев. Копривата содржи бројни имуностимулативни и антиканцерогени супстанции и соединенија. Лукот и брокулата се изразени антиоксиданти. Оревот е храна со многу корисни материи, некои од нив, на пример јунгланот се единствени само за оревот.