„Не се согласувам дека вирусот ќе исчезне ако сите носат маски“, рече Трамп, спротивставувајќи се на она што лекарите упорно го кажуваат.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вирусот корона на крајот ќе „исчезне“ и додаде дека се спротивставува на воведувањето на мерката за носење маска на национално ниво.

На крајот на краиштата, ќе бидам во право. Реков порано дека (вирусот корона) ќе исчезне и го кажувам тоа сега повторно. Тој ќе исчезна и јас ќе бидам во право – рече Трамп во интервјуто што го објави американската телевизија Фокс њуз. Повеќе од 60.000 луѓе се заразени со вирусот корона во последните 24 часа во САД, додека вкупно 3,7 милиони луѓе се заразени од почетокот на епидемијата.

Трамп оцени дека во многу случаи се заразени млади луѓе „кои ќе се опорават за еден ден“.

Американскиот претседател рече дека е против воведувањето на задолжителното носење маска на национално ниво, иако некои сојузни држави ја воведоа таа мерка.

Не, сакам луѓето да имаат одредена слобода. Не се согласувам дека вирусот ќе исчезне ако сите носат маски – рече Трамп, кој досега само еднаш се појави во јавност со маска на лицето.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *