Актуелниот американски претседател Доналд Трамп објави дека испораката на вакцината против вирусот корона ќе започне следната недела.

Тој рече дека вакцината првично ќе им биде испратена на лицата од фронтот, медицинскиот персонал и постарите граѓани.

Трамп ја објави оваа вест обраќајќи им се на американските војници во странство преку видео врска, по повод одбележувањето на Денот на благодарноста.

Повеќе од 577.000 нови случаи на ковид-19 се потврдени во светот денес, објави Светската здравствена организација, со што вкупниот број на пациенти достигна над 60 милиони луѓе.

Во Јужна и Северна Америка има повеќе од 40 проценти од вкупниот број на нови случаи, околу 236.000.

На второ место е Европа со 234.400 случаи, следена од Југоисточна Азија со 56.019 нови инфекции.