Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави видео, со цел да ги докаже изборните измами, на кое се гледа како група луѓе ливчињата што пристигнале по пошта ги пакуваат во црни вреќи.

Тој напиша на Твитер: Барате гласачки ливчиња. Зарем до ова дојде нашата држава дојде до ова?

На видеото се гледа како мажи кои не се во униформа, изнесуваат писма со гласачки ливчиња од поштенските сандачиња и ги пакуваат во црни вреќи.

Иако американските медиуми го прогласија Џо Бајден за победник на претседателските избори, Трамп покрена правна постапка за докажување на изборните измами.