Американскиот претседател Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи, по повод собирот „Марш на милиони“ во Вашингтон, велејќи дека луѓето нема да прифатат изборите да бидат украдени од компании во сопственост на радикални левичари.

Во тој контекст, Трамп ја посочи компанијата „Доминион“, чии машини се користат низ цела Америка за да гласаат на избори.

Стотици илјади луѓе ја изразија својата поддршка во Вашингтон. Тие нема да прифатат наместени избори, напиша Трамп во еден од твитовите.

Трамп претходно објави дека машините за гласање избришале 2,7 милиони гласови од него, и му додале стотици илјади на неговиот противкандидат Џо Бајден.

Ние ќе победиме, рече Трамп.

Поддржувачите на Доналд Трамп, вклучително и членови на групата „Горди момци“, се собраа во Вашингтон пред Врховниот суд на САД за да изразат поддршка на претседателот кој тврди дека имало неправилности на претседателските избори.

Трамп се појави и на маршот и ги поздрави приврзаниците од претседателската лимузина.

Трамп им мавташе на насобраните кои извикуваа: Ју-Ес-Еј.

Насобраните извикуваа и „Стоп за кражбата“, „Го сакаме Трамп“, „Уште четири години“ и во еден момент започнаа конфликти меѓу приврзаниците и противниците на Трамп.

Инаку, Федералната агенција за надзор на изборите во САД тврди дека „нема докази дека некој систем на гласање избришал или изгубил гласови, ги изменил или уништил на кој било начин“.

Но, Трамп е убеден дека софтверот за пребројување „Доминион“ избришал дури 2,7 милиони гласови, освоени низ САД, особено во земјите клучни за избор на победникот, како што се Пенсилванија, Џорџија, Мичиген, Висконсин.

Трамп на Твитер напиша и дека „поразот во Аризона беше многу тесен“:

Сега е јасно дека катастрофалниот систем на гласање „Доминион“ беше користен во Аризона, а во најголем дел и во Невада. Не е ни чудо што поразот таму беше тесен, напиша тој.

Доминион воутинг систем корпорејшн е канадска компанија основана во 2002 година во Торонто, чие американско седиште е во Денвер, а има канцеларија во Белград, Србија скоро деценија и пол. Софтверот Доминион ги пребројуваше гласовите и на изборите во 2016 година, кога Трамп ја освои победата над демократскиот ривал Хилари Клинтон.

И тогаш, во пресрет на изборите, се постави прашањето за веродостојноста на софтверот Доминион, затоа што се прави во фирма во Србија. Портпарол на компанијата, Крис Ригал, категорично ги отфрли сите можности за измама или проневера во тоа време.

Како и повеќето од најголемите американски компании кои развиваат софтвер за своите производи во Азија, Индија, Ирска, Средниот исток, така и дел од нашиот развојни софтвери се прават надвор од САД и Канада, во Србија, скоро цела деценија. Нашиот софтвер, посочувам, е развиен дома, нашите вработени работат, не е оставен на трети страни. Второ, ние ригорозно ги проверуваме новите вработени, ги идентификуваме можните безбедносни проблеми кај персоналот вклучен во развојот на производот – прецизира Крис Ригал.