Доналд Трамп се појави во јавноста денес за прв пат по немирите во Вашингтон, бидејќи веќе со денови беше под голем притисок да поднесе оставка откако неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот.

Тој им се обрати на новинарите во Тексас откако го посети зидот на американско-мексиканската граница и рече дека најавената постапка за негово отповикување создава голем гнев, пренесуваат американските медиуми.

„Не сакаме насилство, никогаш не го посакувавме тоа“, изјави Трамп пред новинарите, опишувајќи го најавениот импичмент како „целосно смешен“.

„Страшна работа е тоа што тие ја прават.