Актерот Том Хенкс ќе биде домаќин на празнична програма на 20 јануари, на денот на инаугурацијата на Џо Бајден, објавија организаторите на овој настан.
Во специјалното шоу, кое ќе трае 90 минути и ќе се вика „Прослава на Америка“, ќе учествуваат и некои други познати личности во САД, како што се , Деми Ловато, Џастин Тимберлејк и Ент Клемонс, објави Ројтерс

Бајден и потпретседателот Камала Харис ќе положат свечена заклетва тој ден и ќе одржат воведен говор на церемонијата.