На Грците не им е дозволено да ги прошират своите територијални води во Егејското Море. Тоа би било причина за војна, рече турскиот министер за надворешни работи.

Евентуалното грчко проширување на територијалните води долж морската граница со Турција ќе се смета како повод за војна, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

На Грците не им е дозволено да ги прошират своите територијални води во Егејското Море на 12 милји, рече Чавушоглу, мислејќи на морето што ги дели двете медитерански земји. Тоа би било повод за војната, “casus belli“, рече Чавушоглу, повикувајќи се на декларацијата од турскиот парламент од 1995 година.

И Турција и Грција имаат шест милји територијално море во Егејското Море, каде што голем број грчки острови се наоѓаат покрај турскиот брег. Двете соседни членки на НАТО последниве денови се расправаа околу плановите на Турција да го истражува морското дно на источен Медитеран, за кое се верува дека е богата со нафта и гас.

Турско предупредување уследи откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис минатата недела објави дека грчките територијални води на западната страна, каде Грција се граничи на море со Италија ќе се прошират од шест на 12 милји. Мицотакис исто така рече дека Грција може да ги прошири своите територијални води и во други области.

Нас не не интересира ако го прошират своето територијално море во Јонското Море, но нашата позиција околу Егејското Море е целосно јасна, рече Чавушоглу.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *