Бројот на загинати од земјотресот во западна Турција се искачи на 60, а повредени се 940 лица, објави државната агенција за вонредни ситуации и природни катастрофи.

Според последните информации, 60 лица загинаа во земјотресот, а 218 остануваат во болница на лекување, се вели во соопштението.

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Турција во петокот попладне, со епицентар во егејското море во близина на градот Сеферихисар во провинцијата Измир.

Земјотресот се почувствува и на блиските грчки острови. Грчките сеизмолози ја проценија нејзината јачина на 6,9.

Најмалку 20 згради се срушија во Измир. Земјотресот предизвика мало цунами што ги поплави крајбрежните улици на Сеферихисар.

Уништување е забележано и на грчкиот остров Самос, каде што загинале две лица, а 20 биле повредени.

Според агенцијата Анадолија, АФАД исто така објави дека по најсилниот земјотрес следувале уште 833 помали земјотреси, а 40 биле посилни од четири степени.

Продолжува потрагата по преживеани од урнатините во егејскиот регион во покраината Измир.