Обилните врнежи од дожд и излеаните реки ги поплавија најниските делови од Пелагонија, посебно во пограничните битолски села. Дел од обработливите површини се во вода, а најмногу ги има во атарот на селата  Жабени, Кравари, Егри.

Во село Породин се поплави Живинарската фарама откао се излеа Велушка река, која со години е неисчистена. Водата донесе огромни количини ѓубре и талог, кои звршија  во стопанскиот двор на фармата. Вработените заедно со битолските јавни претпријатија ја испумпаа водата и ја спасија живината.