Ова е второ обвинение против поранешниот лидер на Народната демократска партија (ХДП)

Турски суд денеска го прифати обвинението против затворениот курдски политичар Селахатин Демирташ, објавија турските државни медиуми, со што го отфрлија барањето на Европскиот суд за човекови права (ЕЦР) за негово ослободување.

Ова е второ обвинение против Демирташ, поранешен лидер на Народната демократска партија (ХДП) и претседателски кандидат, поврзано со протестите од октомври 2014 година во областите населени воглавно со курдско население во југоисточна Турција, објави Ројтерс.

Обвинението, кое бара доживотен затвор без можност за условно ослободување против 108 обвинети за 38 точки, вклучително и Демирташ, беше прифатено од судот во Анкара денес, пренесе Анадолија.