Шефицата на Инфектолошкото одделение на болницата „8 Спетмеври“, д-р Патриција Каламарас упати апел до граѓаните кои не ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот. Таа ги информира граѓаните дека здравствениот персонал е на крајот со силите и се разболува и ги прашува граѓаните дали во иднина сами планираат да се лечат? Дали сметаат дека доколку го негираат постоењето на вирусот, ќе го избегнат вирусот? Нејзиниот апел ви го пренесуваме во целост:

„Сакам да упатам порака до сите граѓани кои не ги почитуваат препораките. Дали мислите дека со вашето надмудфрување и непочитување на препораките ќе го избегнете вирусот? Дали мислоите дека со вашите теории на заговор 5Г и политички препукувања ќе го избегнете вирусот? Дали мислите дека е во ред да го уништите целиот наш макотрпен труд, одрекување од фамилиите,одрекување од нормален живот со обвиненија дека се е измислица и дека ќе го избегнете вирусот? Дали мислите дека го заслужуваме ова ние кои постојано бдееме над вас? Дали мислиоте дека мерките кои се донесуваат се против вас и дека некој сака да ви наштети? Дали сте свесни дека непочитувањето на мерките еден ден ќе не убие сите нас? Уште колку време треба да помине за да се уверите дека над сите нас виси мечот на смртта? Треба ли да има помор на целиот народ за да сфатите дека вирусот е тука меѓу нас? Дали сте свесни дека здравствениот персонал е на работ на силите? Ќе се лечите сами? А лекови? Заштитна опрема? Медицински персонал? Почна да се разболува персоналот? А зошто? Затоа што вирусот не постои?

ЕДНО ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ ОД ИМЕТО НА ЦЕЛИОТ МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ ЗА ВАШАТА ПОЧИТ КОН НАС. ЕТЕ СО ВАШИТЕ ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР УБИЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПЕРСОНАЛ ПА СО ВАШИТЕ ТЕОРИИ ЌЕ СЕ ЛЕЧИТЕ САМИ!“


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *