Џердан Шаќири повторно е во центарот на вниманието поради нова политичка провокација.

По натпреварот против селекцијата на Северна Ирска и победата со резултат 2: 0, репрезентативецот на Швајцарија даваше интервју кога му пријде човек и го наметна со јакна со знакот на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Шаќири прво се збуни пред камерите на ТВ РСИ, кога му беше наметната јакната, потоа го виде грбот на ОВК и имаше широка насмевка, а потоа ја соблече јакната.

Овој фудбалер честопати ги прославува головите покажувајќи го симболот на таканаречената Голема Албанија.

На натпреварот против Србија, на Светското првенство во фудбал во 2018 година во Русија, заедно со Гранит Џака, покажуваа двоглав орел, поради што подоцна беа казнети со по 10.000 евра од ФИФА.

Фудбалскиот сојуз на Швајцарија објави соопштение по повод скандалот во чиј центар беше Џердан Шаќири.

Неприфатливо е луѓето да сакаат да ги злоупотребуваат фудбалските стадиони, а во овој случај интервјуто на играчот по натпреварот, за политичка пропаганда. Џердан Шаќири реагираше соодветно, остана смирен и не одговори. Според нашите информации, полицијата го испрашувала обвинетиот и нему му е изречена забрана за приближување до стадионот, се вели во соопштението.

Медиумите во Швајцарија се прашуваат каде била безбедноста и како можело да се случи такво нешто.

Тој мрази се што е српско, и без српските лекари Шаќири, не само што не би играл фудбал, туку и немаше да има нормален живот, пишува белградски Курир.

Имено, репрезентативецот на Швајцарија е роден со деформитет на десната нога, која беше успешно третирана на Детската клиника во Универзитетот во Белград.

Еден од нашите истакнати лекари го спаси Шаќири користејќи револуционерен метод во тоа време, пишува Курир и додава:

Шаќири е роден со вродена деформитет на десната нога. Ногата му е свртена навнатре поради недостаток на простор во стомакот на неговата мајка. Веднаш по раѓањето, тој беше испратен од Гњилане во Врање, а потоа и во Белград во Тиршова улица. Тој беше лекуван таму од нашиот познат лекар, експерт за вакви деформитети.

Лекарот потоа го применил таканаречениот понсетиев метод со цел да се избегне ризична операција на стапалото.

Овој метод тогаш почна да се применува. Тоа значи носење корективни лонгети пет до осум недели. Подоцна, за детето се прават специјални чевли, кои ги носи до третата година од животот, пишува Курир.

Во моментов подготвуваме протестно писмо кое ќе го испратиме до ФИФА во текот на денот. Ќе бараме итна реакција и најстроги санкции против Шаќири за промовирање на криминално терористичката организација ОВК за време на изјавата за медиумите, но и против т.н. Фудбалски сојуз на Косово за истакнувањето на паролата-Косово е Албанија за време на натпреварот меѓу Шведска и Косово и пропагирање на идеата за Голема Албанија. ФС на Србија ќе ги искористи сите правни механизми одговорните за овие настани да се елиминираат од фудбалот, изјави генералниот сектерар на ФС на Србија, Јован Шурбатовиќ.