Илјадници Шпанци заболеа од белодробни заболувања поврзани со нивната потрошувачка на преработено масло од репка.

Група луѓе кои преживеаја масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија, денеска објавија дека го презеле музејот Ел Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку владата не ги исполни нивните барања.

Тие бараат од премиерот Педро Санчез да им помогне на жртвите од масовното труење што се случи во 1981 година, пренесува Ројтерс.

Шест часа по нашето пристигнување овде, ќе започнеме да голтаме апчиња, објавија утрово демонстрантите на Твитер профилот на Здружението на жртвите од тоа труење.

Тогаш, поради потрошувачката на преработено масло од семе од репка, илјадници добија разни белодробни заболувања, а многумина се уште ги чувствуваат последиците од труењето.

Портпаролот на музејот и уметничката галерија не сакаше да одговори на барањето за коментар, наведува Ројтерс.

Медиумската куќа Кадена СЕР објави фотографија од петмина демонстранти, од кои едниот е во инвалидска количка, пред познатото платно на Диего Веласкез Лас Менинас (Малте дворски дами).

Според Ел Паис, двајца демонстранти се веќе уапсени.