Канадската полиција го преплави Булеварот Сен Лоран во Монтреал, по извештајот дека група вооружени лица зеле заложници во комплекс згради кои припаѓаат на компанијата за развој на видео игри „Убисофт“, пишува Раша Тудеј.


Специјалните единици биле забележани на самото место, а локалните медиуми тврдат дека е испратено барање за откуп до полицијата.

Засега не е познато за колку напаѓачи станува збор, како и за бројот на заложници. Голем број на вработени избегале кон покривот на зградата, каде ја забарикадирале вратата, која била снимена од хеликоптери.

Image