И во населбата Јафа, ескалираат конфликтите што многу лесно може да се претворат во големо крвопролевање.

Конфликтот меѓу Израелците и Палестинците доби нова димензија кога се појавија видео снимки кои прикажаа израелски десничари како пустошат палестински продавници во Бат Јам, предградие на Тел Авив.

И во населбата Јафа, ескалираат конфликтите што многу лесно може да се претворат во крвопролевање.

Видео снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како израелски жители вандализираат продавници за кои корисниците на Твитер велат дека им припаѓаат на Палестинците, се наведува во извештаите.

Меѓусебното гранатирање меѓу Хамас и Израел трае веќе неколку дена, а тоа започна со напад на израелската полиција врз верници околу џамијата Ал-Акса.