Белоруски патнички авион на летот од Минск до Барселона се свртел во средата, откако Полска го информираше дека нема да може да влезе во францускиот воздушен простор.

Ова го покажуваат податоците на „Flight radar 24“.

Лидерите на Европската унија им наредија на официјалните лица да воведат нови санкции кон Белорусија и да најдат начин да им забранат белоруски превозници да летаат во воздушниот простор на ЕУ, откако авионот на Рајанер беше присилно слетан во Минск и беше уапсен опозициски новинар.

Летот 2869 на белорускиот авиопревозник Белавија од Минск требаше да слета во Барселона во средата попладне.

Тогаш пилотот доби информација од нас дека францускиот воздушен простор е блокиран и дека може да има проблем со влегувањето, рече претставникот на полската агенција за воздушен транспорт (ПАНСА), Павел Лукашијевич.

Белавија одби да го коментира случајот.

Францускиот министер за транспорт Жан-Батист Жебари во понеделникот изјави дека Франција ги прекинала летовите на Белавија во нејзиниот воздушен простор.

Белавија објави дека и е забрането да лета до Литванија, Летонија, Франција, Шведска, Велика Британија, Финска, Чешка и Украина.

Во моментов Полска и дозволува на Белавија да влезе во нејзиниот воздушен простор.

Авионот од Минск до Варшава слета во главниот град на Полска во средата во 12,20 часот.