Лидерот на српските радикали, Војислав Шешељ предупреди дека животот на српскиот претседател Александар Вучиќ е загрозен, дека му се заканува труење и дека тој треба да ги испраќа своите пратставници на состаноците во странство, бидејќи, како што рече утрово како гостин на ТВ Пинк, постои навистина голема опасност за време на некоја од посетите надвор од Србија тој да биде отруен.

Претходно Шешељ изјави дека Вучиќ им пречи на Американците и дека тие веќе подготвуваат наследник од редовите на српската опозиција.

Тоа значи дека во следната 2021 година, Американците ќе се обидат да извлечат максимум за себе на три фронта. Прво, тие уште одамна сакаат да го соборат Вучиќ, рече Шешељ.

Тој изјави дека Американците имаат долгорочни цели во оваа област.

Пред се, да се стави крај на прашањето за Косово. Ќе извршат силен притисок врз петте држави членки на ЕУ тоа да го направат. И на крајот тие сакаат да ја уништат/укинат Република Српска.

Шешељ рече дека министрите треба да одат на состаноци во странство, бидејќи таму можат да го отрујат Вучиќ.