САД, трета по големина популација во светот, се на прво место со повеќе од 186 000 смртни случаи и 6,1 милиони заразени од корона вирусот.

До крајот на годината во САД би можеле да умрат 410 илјади луѓе, што е повеќе од двојно споредено со сегашниот број на смртни случаи. Во декември во Америка би можеле да умираат по 3000 лица дневно, објави Американскиот институт за проценки во здравството ( ИХМЕ ) од Универзитетот во Вашингтон.

Бројот на умрените може да биде до 30 проценти помалку ако повеќе Американци носат маски како што препорачуваат епидемиолозите, пишува во анализата на ИХМЕ.

Очекуваме дневната стапка на смртност во САД, поради промена на времето и опуштеноста на јавноста, дека може да достигне околу 3000 смртни случаи на ден во декември, објави Институтот во својата ажурирана прогноза.

Во моментов, околу 850 луѓе умираат дневно во САД.

До 1 јануари 2021 година се очекуваат 410 000 умрени од ковид-19 или 225 000 илјади умрени во последните четири месеци од 2020 година, стои во Извештајот на ИХМЕ.

Претходниот извештај предвидуваше смрт на 317.697 лица до 1 декември.

Бројот на умрени ширум светот може да се зголеми тројно на 2,8 милиони до 1 јануари 2021 година.

Претходните предвидувања на институтот беа во спротивност со изјавите на претседателот Доналд Трамп дека коронавирусот ќе исчезне. Бројот на смртни случаи надмина некои предвидувања на ИХМЕ кои редовно се ажурираат.

Центрите за контрола и превенција на болести во САД објавуваат предвидувања само четири недели однапред. Според последната проценка, до 26 септември треба да умрат меѓу 200 000 и 211 000 луѓе заразени со корона вирус.

Поголемото носење маски, како што се покажа во Сингапур, може да го намали кумулативниот број на смртни случаи на 288.000 или да спаси 122.000 животи во споредба со референтното сценарио, се проценува во Извештајот на ИХМЕ!


Напишете коментар