Австралија изрази загриженост поради хакерски напади на кибер криминалци, често со помош на некои влади, на болниците и останати здравствени и истражувачки установи ангажирани на барање одговор на пандемијата на коронавирус.

„Владата е загрижена од фактот дека злонамерни кибернетички актери се обидуваат да ја експлоатираат пандемијата за свои цели“ се наведува во заедничката изјава на австралиското министерство за надворешни работи и Центарот за трговска и кибернетичка безбедност.

„Австралиската влада ги повика сите земји веднаш да ги прекинат сите кибер активности или помагање на тие активности“ изјавил австралиски претставник за кибернетички работи, Тобиас Фикин.

Австралија заедно со САД и други земји постигна договор за соработка по прашањето за кибер криминал, како и свесно да не дозволат користење на својата територија за меѓународни противправни дела.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *