Џон Бренан изјави дека е крајно загрижен за безбедноста на државата поради претседателот на САД во заминување.

Поранешниот шеф на ЦИА и заколнат непријател на Доналд Трамп, Џон Бренан, за Си-Ен-Ен изјави дека се плаши дека претседателот може да ги декласифицира чувствителните информации или да ги поткопа „интересите на националната безбедност“ со воени наредби – и го повика потпретседателот Мајк Пенс да ја преземе власта.

Поранешниот шеф на американското разузнавање Џон Бренан повика на државен удар против претседателот Доналд Трамп пред победникот на изборите Џо Бајден да ја преземе функцијата во јануари.

Тој му рече на новинарот Крис Куомо, брат на демократскиот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, дека потпретседателот Мајк Пенс и кабинетот на Трамп треба да се повикаат на 25-тиот уставен амандман, со што тој ќе се собори од власт, бидејќи станува збор за наводен „ризик за националната безбедност“.

Многу сум загрижен што може да стори во преостанатите 70 дена на функцијата – изјави Бренан.

Дали тој ќе преземе некаква воена акција? Дали тие ќе објават информации што всушност можат да ја загрозат нашата национална безбедност, додаде Бренан.

Тој исто така тврди дека Трамп го отпушти министерот за одбрана Марк Еспер во понеделникот затоа што тој одби да ги изврши неговите наредби.

Инаку Џон Бренан, за кого се шпекулира дека има албанско потекло, стои позади т.н. Тиранска платформа која беше договорена есента 2016 година кога тој како директор на ЦИА ја посети Албанија и премиерот Еди Рама!