Државите предводени од жени имаа „систематски и значително подобар“ одговор на епидемијата на вирусот корона,
покажала новата студија. Според студијата, во тие држави имало барем половина помалку смртни случаи во споредба со земјите што биле водени од мажи.

Успесите на лидерките како германската канцеларка Ангела Меркел, премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, данската премиерка Мете Фредриксен, тајванката Тсај Инг Вен и финската премиерка Сана Марин беа предмет на многу анализи, пишува Гардијан.

Анализата на 194 земји, објавена од Центарот за економска политика и Светскиот економски форум, сугерира дека разликата е реална и дека „може да се објасни со проактивни и координирани одговори“ усвоени од лидерките.

Нашите резултати јасно покажуваат дека лидерките реагирале побрзо и порешително во однос на потенцијалната смртност од коронавирусот. Речиси во сите случаи, тие донесоа одлуки за карантин многу порано од државите предводени од мажи. Иако тоа може да има долгорочни економски импликации, тоа сигурно им помогна на тие држави да спасат животи, што е потврдено од значително помалиот број на смртни случаи во тие земји, рече Суприја Гарикипати, економски експерт на Универзитетот во Ливерпул.

Двајцата истражувачи анализирале различни реакции до 19 мај, воведувајќи голем број на варијабли за да помогнат во истражувањето и да извлечат сигурни споредби меѓу земјите.

Податоците кои биле анализирани вклучуваат БДП, вкупна популација, густина на населението и учеството на постарата популација, како и годишните здравствени расходи по глава на жител, отвореност за меѓународно патување и нивото на родова еднаквост во општеството во целина.

Бидејќи само 19 од скоро 200 земји биле водени од жени, авторите создадоа модел на таканаречени „најблиски соседи“ за да го надополнат малиот примерок, спојувајќи ги Германија, Нов Зеланд и Бангладеш со Велика Британија, Ирска и Пакистан кои биле предводени од мажи.

Оваа анализа јасно потврдува дека, кога државите предводени од жени се споредуваат со земји слични на нив во цела низа карактеристики, тие се подготвени да имаат помалку смртни случаи и помалку заразени, наведува Гарикипати.

Таа додаде дека лидерките биле свесни за ризиците кога ги ставиле своите земји во карантин пред сите други, што исто така сугерира дека тие се повеќе подготвени да преземат ризици во доменот на економијата само да се спасат човечки животи.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *