Безбедносно Информативната Агенција-БИА откри странски државјанин, кој беше ангажиран на протестите во Белград.

Пред два дена беа уапсени двајца странски државјани од кои едниот е Израелец.

Агенцијата БИА откри уште еден странец кој учествувал во протестите во Србија, јавуваат медиумите.

Станува збор за граѓанин на Тунис, Дхили Сами.

Пред два дена беа уапсени двајца странски државјани од кои едниот е Израелец, кој активно учествуваше на протестите во Белград.

Во дводневните протести повредени се петмина вработени во агенцијата Бета. Новинар и снимател беа претепани од полицијата во четвртокот, а хулиганите повредија двајца фоторепортери во петокот. А еден новинар има фрактура на черепот од удар си цигла.

Нападнати се и тимот на ТВ Пинк, како и новинарскиот тим на ТВ Курир, кој го сочинуваат двајца известувачи и снимател. Едниот бил прободен во бубрег, другиот во вратот, а третиот известувач бил удрен во стомакот со камен.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *