Државниот обвинител на САД, Вилијам Бар ги овласти федералните обвинители да ги испитаат наводите за неправилности за време на гласањето пред да се потврди резултатот од претседателските избори во САД. По ова соопштение, главниот правен советник за изборни нерегуларности поднесе оставка.

Бар, изјави дека истрагата може да се покрене доколку има јасни и веродостојни тврдења за неправилности за време на гласањето и кои, доколку се покажат како точни, може да влијаат на резултатот од изборите.

Јас ви давам овластување да ги испитате основаните обвинувања за изборни нерегуларности и пребројување на гласовите, пред да ги потврдите резултатите од изборите, што веќе го сторив во некои специфични случаи“, напиша Бар во писмото до федералните обвинители и директорот на ФБИ, повикувајќи се за прв пат. на наводите за изборна измама.

По оваа изјава на Бар, директорот на Одделот за изборни нерегуларности, Ричард Пилгер, поднесе оставка.

Пилгер во интерниот е-маил напиша дека поднесува оставка откако „беше запознаен со новата политика и нејзините последици“.

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп постојано го критикуваше гласањето преку пошта, наведувајќи дека тоа го отвора патот до можна изборна измама.

Трамп не ги признава проекциите според кои победник на претседателските избори е демократскиот кандидат Џо Бајден.