Карастрофа на хрватскиот туризам: Гостите ги заобиколуваат, а на Дубровник му се заканува најлошото сценарио

Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, рече дека на крајот на јули, само 8.800 гости се одморале во тој град.

Тоа е 32 проценти во однос на минатата година. Минатата година во Дубровник, на денешен ден, слетаа 154 авиони, а денес само 55. Минатата година на овој ден дојдоа 16.500 гости, а годинава само 2.400. Дубровник навистина бележи катастрофални туристички резултати – рече Франковиќ, кој се уште очекува подобри резултати во август.

Потребно е нашите авиокомпании да преживеат, и ако тоа е случај, ако нашите приоритетни пазари не воведат рестриктивни мерки, Дубровник ќе преживее годинава – рече Франковиќ. Сепак, според градоначалникот на Дубровник, градот е подготвен за најлошото сценарио, но „никогаш повеќе не смееме да бидеме монокултурен град кој зависи исклучиво од туризмот“.


Напишете коментар