Соиграчот на македонскиот капитен Горан Пандев, голманот Матео Перин е тестиран позитивен на коронавирус пред утрешниот меч на Џенова против Наполи во италијанската Серија А.

Италијанската фудбалска федерација го помести терминот на одигрување на оваа средба, наместо 15 часот, ќе се одигра три часа подоцна.

Пандев и Елмас не се најавени меѓу почетните единаесетмина за утрешниот меч на „Сан Паоло“.