Италија е победник на Евровизија во 2021 година.

До самиот крај на натпреварувањето се водеше тесна борба помеѓу Италија, Швајцарија и Франција. Сепак, Италија го освои првото место со 524 поени. Тие добија 318 поени од публиката.

Италија ја претставуваа рокерите Манескин со песната Зити Е Буони, која беше придружена со жестока изведба, а од публиката добија громогласен аплауз.

Во финалето на Евросонг, настапија претставници на 26 земји, од кои шест обезбедија директен пласман во финалето, а останатите беа избрани со гласање.

Вечерта започна со презентација на сите изведувачи на сцената, при што домаќините ја отпеаја песната Венус од холандскиот бенд Shocking Blue, а сè беше придружено со танцова изведба.