Во здравствените кругови се шпекулира со дуплиран број на заразени во однос на вчерашниот ден!?

Иако официјално се објавени други бројки-од 35 ново заразени и пет починати, нашите извори велат дека на денешните состаноци на здравствените власти било многу бурно, дека лекарите порачале на дека се многу незадоволни од однесувањето на дел од министрите и партиите што се дел од сегашната техничка влада и дека нема да дозволат за ефтин маркетинг да се руши и девалвира нивниот труд и ангажман во изминатите три месеци. Истиот извор ни потврдува дека реалната бројка на ново заразени е многу поголема од таа што е објавена и дека на сите клиники е запалено црвеното светло.

Најголем дел од заразените се во делови на четири скопски општини-Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром.

Тоа беше една од причините за прогласување на нова вонредна состојба во траење од 14 дена.


Напишете коментар