Повеќе од 5.000 демонстранти излегле на улиците на Лима повикувајќи го Мерино да поднесе оставка со паролата “Мерино не е мој претседател”. 

Две момчиња од 24 и 25 години им подлегнале на повредите од огнено оружје во текот на демонстрациите.

Перуанскиот парламент минатата година го сменил претседателот на таа земја Мартин Вискара поради неутврдени наводи за корупција.

Меѓутоа, демонстрантите ги обвинуваат членовите на Конгресот за злоупотреба на Уставот и одбиваат да го признаат новиот претседател Мануел Мерино, довчерашен претседател на парламентот.

Поранешниот претседател Вискара има поддршка од народот поради својата војна против корупцијата, поради што често бил во судир со парламентарците.

Мерино демантира дека протестите се против него, велејќи за едно локало радио дека младите протестираат против невработеноста и неможноста да ги завршат студиите поради коронавирусот.