Католички свештеник кој беше извлечен од урнатините на зградата, сопственост на Црквата, уништена во вчерашната експлозија во Мадрид, им подлегнал на повредите, објави Ројтерс.

Досега беше потврдена смртта на три лица, а сега бројот на загинатите се зголеми на четири. Десет лица беа повредени.

Според властите во Мадрид, сите докази сугерираат дека експлозијата на улицата Толедо, што води кон центарот на градот, била предизвикана од истекување на гас.

Бугарското Министерство за надворешни работи синоќа објави дека една од жртвите е Бугарин.

Бугаринот, кој загина во експлозијата на зградата во центарот на Мадрид, случајно поминувал покрај неа и загинал на тротоарот пред зградата. Ова го објавија шпанските медиуми.

Министерството за надворешни работи (МНР) синоќа потврди дека 47-годишен Бугарин го загубил животот во експлозијата.