Идејата дека цврстиот став кон Македонија ќе ја доведе Бугарија во меѓународна изолација, произлегува или од незнаење на македонското прашање или од желба за изобличување на фактите, рече бугарскиот новинар и политичар, Велизар Енчев, коментирајќи ја изјавата на поранешниот бугарски заменик министер за надворешни работи Љубомир Кјучуков.

Тој смета дека Бугарија веќе подолго време е во таква изолација, бидејќи во октомври Европскиот парламент ја потсети Софија дека не го признава македонското малцинство. Енчев изјави дека на универзитетите во многу земји има посебни оддели за македонски јазик.

Со своите изјави, Kјучуков само лобира за македонизмот, рече Енчев.

Кулминација на непрофесионализмот е тврдењето дека блокирањето на членството на Скопје во Европската унија ќе создаде антибугарски чувства во Македонија. Дури и децата знаат дека антибугарската кампања нема да запре тука, бидејќи е пренесена во Берлин во последните денови. Ангела Меркел разговара секој втор ден со претседателот Пендаровски и премиерот Заев, а потоа го повикува Борисов да го присили да му даде зелено светло на Скопје за членство во ЕУ, напиша експертот на својата страница на Фејсбук.

Енчев смета дека Бугарија не треба да се откажува сега.

Ако сега се повлечеме пред Скопје, бидејќи веќе го обезбедивме нивното безусловно членство во НАТО, Македонија не само што ќе ја продолжи својата антибугарска политика, туку истата ќе ја води под синото знаме на Европската унија, заклучи тој.

За Енчев е спорен членот 11 од сегашниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Софија и Скопје од 2017 година, кој наводно се однесува на прашањето на малцинствата Членот на договорот вели дека страните имаат право да ги штитат правата и интересите на своите граѓани на територијата на друга држава.