Албанскиот премиер Еди Рама ги претставува природните убавини на Македонија како дел од Албанија, пренесува порталот Плусинфо.

  • Прекрасна Албанија. Кањон Лесница – напиша Рама на својот Фејсбук профил со фотографија од водопадот на реката Лесница на Шар Планина.

Според овој портал, останува прашањето дали македонското Министерство за надворешни работи ќе реагира на оваа провокација на албанскиот премиер, пренесува Танјуг.

По овој пост, на социјалните мрежи беа испратени жестоки коментари за албанскиот премиер Рама, како и бројни критики.