Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска во Тирана , по состанокот со кандидатот на Демократската партија на Косово (ДПК) за премиер и вршител на должноста претседател на партијата, Енвер Хоџај, дека Хашим Тачи и Кадри Весељи се заложници, заедно со дел од историјата на Косово, пренесува РТК.

Ослободувањето на заложниците ќе бара време. Кога велам заложници, не мислам само на Тачи, Весељи, Красниќи и други, мислам на најголемите заложници, а тоа се вистината за војната и самата војна – рече Рама.

Според него, во овие посебни услови, тој состанок имал посебно значење.

Јас извршувам и ја извршував само својата должност, бидејќи верувам дека секој Албанец има право да ја извршува својата должност, тоа нема никаква врска со дневната политика. Она што им се случи на водачите на ОВК влијае на Косово, а исто така влијае и на Албанија. Сакам и верувам дека вистината ќе излезе на виделина еден ден – рече Рама, пренесува Косово онлајн.

Тој ја изрази и својата новогодишна желба и му ја упати на обвинетиот.

Сакам полесна година за Тачи, Весељи и другите кои оваа Нова година ќе ја дочекаат далеку од своите семејства. Нека не ја губат вербата. И ова зло ќе помине и вистината ќе триумфира – рече Рама, пренесува Антена М.